понеделник, 14 декември 2009 г.

Ето кой е Властелинът на общественото мнение в Македония :)

БУГАРИТЕ СПРЕМААТ ШОУ ВО СТИЛОТ НА ЕВРОВИЗИЈА

Балканика ќе ги награди најпопуларните во музиката

Музичката телевизија "Балка-ника" во април го закажа шоуто на кое ќе бидат доделени награди за најдобрите балкански песни и музичари, во стилот на Евросонг.

Бугарската музичка телеви-зија планира да ја собере целата балканска музичка елита, а како промоција на настанот кој што следи на пролет, минатата недела Софија се одржа забава во новоотворениот ноќен клуб "Ноќен Лет" во Софија. Од Македонија, специјална гостинка беше Каролина Гочева.


- Имавме гости од целиот Балкан на минатонеделната забава, а освен познатите музички имиња, присутни беа и многу политичари и претставници од амбасадите од многу земји. Од Македонија гостинка ни беше Каролина Гочева која е доста популарна и сакана во Бугарија. Од Словенија гостинка беше Ребека Дремељ, групата Луна од Србија, Армин Музаферија од Босна и Херцеговина, Диџеј Пантелис од Грција, "Мурат Боз" од Турција, а од Бугарија се појавија пејчката Мариа Илиева, Тони Стораро, Емануела, Крум и Теодора. Балканските Музички Награди ќе се одржат во Софија во април, а шоуто ќе се пренува во живо на ТВ Балканика, но и на многу други телевизии во целиот балкански регион. Ние од Балканика искрено се надеваме дека манифестацијата ќе стане една од најпопуларните на Балканот, нешто слично на тоа што е Евровизија за Европа, но овде првенствено ќе си дадеме шанса на нашите балкански уметници. Бугарскиот министер за надворешни работи Румиана Јелева го поддржа целиот настан", ни рече Бојко Христов, портпаролот на познатата телевизија.

Балканските Музички Награди ќе се доделат во 17 категории. Ќе се избира најдобра песна,пејач, пејачка, дует, група, најдобар спот... Номинираните учесници во сите категории ќе бидат најавени во февруари на специјална церемонија, а според Бојко Христов, засега имињата на номинираните од Македонија и од другите земји се држат во тајност. (В. К.)



Източник: сп. "Вест"- Македония

Няма коментари: